ОФИЦИЈАЛНО: Депај замина во Бразил и потпиша за Коринтијанс

112

Поранешниот холандски фудбалски репрезентативец Мемфис Депај и официјално го комплетираше трансферот во бразилски Коринтијанс. Она што медиумите го најавија уште минатата недела, денеска доби реализација.

Бразилскиот клуб и официјално го потврди потпишувањето на договорот со поранешниот играч на Барселона, Манчестер Јунајтед, Лион и ПСВ, кој последната сезона ја мина во составот на Атлетико (М).

Договорот на Депај со Коринтијанс ќе биде до крајот на 2026 година. Минатата сезона, Депај постигна 13 гола и 2 асистенции на 40 натпревари како дел од секипата на Атлетико Мадрид.

ПретходноМбапе: Не ми е гајле што мислат луѓето за мене
СледноКапитенот на Арсенал во болки и солзи го напушти теренот, го чека подолга пауза