Пак бурно во Хајдук – Калиниќ доби отказ по само четири месеци!

1241

Повторно бурно во сплитски Хајдук. По караницата на релација тренер-играч си замина Иван Перишиќ, а сега отказ добива и спортскиот директор Никола Калиниќ. По само неколку месеци Калиниќ го напушта кормилото, а наводно во клубот се незадоволни од тоа како го сработил преодниот рок и покрај тоа што донесе големо име во Иван Ракитиќ.
Со Никола се разделуваме по завршувањето на преодниот рок. Тоа е најдобро решение за клубот во овој момент. Му благодариме што ја прифати таа улога во тежок момент. Бидејќи се работи за исклучително важна улога, идната недела ќе претставиме нов спортски директор и спортската стратегија на клубот“, соопшти првиот човек на клубот, Иван Билиќ.

ПретходноПех уште на стартот: Се повреди Чурлинов
СледноПромоција: Коста Манев се врати во Брера!