Една од ѕвездите на италијанската фудбалска репрезентација Николо Барела се врати на тренинзите на Интер порано од очекуваното, откако минатата недела го оперираше носот.
27-годишниот играч од средниот ред не беше повикан за натпреварите на Италија против Франција и Израел во Лигата на нации, откако беше подложен на однапред закажана операција на носот минатата недела.
По репрезентативната пауза, Интер в недела ќе се соочи со Монца во натпревар од Серија А, а Барела ќе биде во комбинација за првиот тим.