Се играше 70.минута синоќа на мечот меѓу Македонија и Ерменија. Резултатот беше 0:0, ние со играч помалку, тешко беше а ни треба победа. И тогаш капитнот Енис Барди од околу 25-26 метри со неверојатно силен и прецизен шут од слободен удар ја тресе мрежата на Ерменците. Фантастичен гол кој според УЕФА е влезен во конкуренција за најубав во ова коло.
И како што потоа е обичај, следуваше “чистење“ на копачката на десната нога, онаа со која Барди го постигна супер голот за Македонија за 1:0.
Потоа Миовски стави точка на победата од 2:0.