Барела се врати по операцијата на носот, в недела ќе игра против Монца

71

Една од ѕвездите на италијанската фудбалска репрезентација Николо Барела се врати на тренинзите на Интер порано од очекуваното, откако минатата недела го оперираше носот.

27-годишниот играч од средниот ред не беше повикан за натпреварите на Италија против Франција и Израел во Лигата на нации, откако беше подложен на однапред закажана операција на носот минатата недела.

По репрезентативната пауза, Интер в недела ќе се соочи со Монца во натпревар од Серија А, а Барела ќе биде во комбинација за првиот тим.

ПретходноДион Едвин од Девствените острови е нов кошаркар на МЗТ Скопје А.
СледноШтип УГД се откажа од учество во Балканскиот куп, цел фокус на првенството и купот