Бензема му “одговори“ на Роналдо: Мбапе е подобар од мене? Ама јас имам „Златна топка“! (ФОТО)

517

Иако долго време играа заедно во Реал Мадрид, сепак се чини дека и не се толку големи пријатели, па си се “пецкаат“ преку социјалните мрежи. Станува збор за Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

Таа нивна “епизода“ продолжи откако Португалецот јавно кажа дека Мбапе е подобар од Бензема, поточно во својот идеален тим тој го одбра Мбапе а не Карим, инаку и двајцата се Французи.

Очекувано не се чекаше долго на “одговорот“ од Бензема кој на социјалните мрежи постираше фото од неговата “Златна топка“ која ја освои во 2022 година и со тоа сакаше да каже дека тој го има освоено тоа признание а Мбапе го нема.

Во секој случај интересен момент за “експлозија“ од коментари на Инстаграм.

ПретходноДеби од соништата: Несторовски го однесе Славен Белупо во Куп – 1/8 финалето
СледноБарса и Алборг тргнаа моќно во ЛШ