Во Холандија се случуваат невообичаени работи, откако почнаа да се откажуваат фудбалски натпревари поради можни инциденти. По одложениот меч меѓу Ајакс и Феенорд, одложена е и средбата која Ајакс требаше да ја игра со тимот на Утрехт.
Средбата со Феенорд е презакажана за 30 октомври, а се уште не е познато кога Ајакс ќе го одигра мечот со Утрехт.
„Безбедноста на играчите, навивачите и јавниот ред во градот не може да се гарантира без полицијата“, се вели во одлуката по предлогот на Ајакс и Утрехт натпреварот да се игра без присуство на полиција.
Проблемот е што штрајкот на полицијата во Холандија трае од мај, тамошните полицајци со разни видови протести се борат за подобри услови за пензионирање.