По двонеделна пауза поради репрезентативните настапи, претстојниот викенд се играат сите натпревари од 5.коло во нашата елитна лига. И дефинитивно дуелот меѓу Гостивар и Вардар место во Штип ќе се игра во Скопје на “Борис Трајковски“.
Па така во недела од 15 часот во главниот град ќе се играат три супер меча.
Љубителите на фудбалот ќе мораат да бираат меѓу Маџари, Чаир и Арената “Тодор Проески“.
Како што рековме на Маџари се среќаваат Гостивар и Вардар, на Чаир се игра дербито меѓу Шкупи и Шкендија, а на Арената дуелот меѓу Работнички и Тиквеш.
Навистина, што попрво да гледаш ако се знае дека сите се во ист термин.
Зарем не е подобро една да се игра во петок, една во сабота и една во недела?
Инаку на останатите три средби од ова 5.коло се среќаваат: Брера – Беса, Пелистер – Струга ТЛ и Воска – Силекс.