Дион Едвин од Девствените острови е нов кошаркар на МЗТ Скопје А.

131

Кошаркарскиот шампион МЗТ СкКопје А. денеска потврди уште едно ново засилување за новата сезона. Станува збор за репрезентативецот на Девствените острови Дион Едвин (31 год, 191 см) кој ќе биде четвртото странско засилување за МЗТ Скопје во новата сезона. Едвин денеска официјално потпиша договор со нашиот првак.

Станува збор за искусен бек-шутер, кој европската кариера ја почна пред седум години во Финска каде што мина една сезона во тимот на КТП, по што следува ептен успешен четиригодишен период минат во Украина. Таму, во два наврати, настапува на Химик, а по една сезона во Киев Баскет и во Прометеј. Едвин во 2022 година извесен период настапува за Работнички, по што се сели во Унгарија, каде што прво игра за Атомерому, а минатата сезона и за ДЕАК, каде што имаше просек од 13,3 поени, 5,3 скока и 5,3 асистенции.

Со ангажманот на Американецот од Девствените острови МЗТ Скопје А. го комплетираше ростерот од 12 кошаркари со кои ќе ја почне сезоната.

ПретходноНова сезона и нова шанса: Пелистер европскиот поход го почнува во Париз кај Раул Гонзалес
СледноБарела се врати по операцијата на носот, в недела ќе игра против Монца