Иако веќе две години се шпекулира дека Интер и Милан, гигантите од Милано ќе градат нов, ултрамодерен стадион, сепак според медиумите во Италија, најверојатно тоа нема да се случи.
Првично беше најавувано дека секој посебно ќе си гради свој стадион, потоа дека и двата клуба ќе градат заеднично модерно здание, но се чини дека и тоа пропаѓа, па така најверојатно ќе се реконструира култниот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, во зависност од тој кој игра на него, Милан или Интер.
Со оваа идеја биле запознаени и општинските власти.
Раководните луѓе на двата клуба сфатиле дека таа една милијарда евра, кочлку би чинел новиот стадион била прескапа инвестиција и за двата клуба со оглед на приходите кои ги имаат во моментов.
Па така на радост на сите оние фудбалски фанатици кои сметаат дека “Сан Сиро“ е еден од најубавите стадиони во светот, тој не само што нема да се урива туку и ќе се реконструира.