Лео Меси објективно е најдобриот фудбалер во историјата, дел од светската спортска јавност смета дека тој е и најголемиот спортист на сите времиња, но тој сепак мисли дека таа титула му припаѓа на Мајкл Џордан. Според Лео токму иконата на кошаркарскиот спорт е нај, нај на сите времиња:
“Кога спортот е во прашање јас мислам дека тоа е Мајкл Џордан, тука нема дилеми за мене. Тој е најголемиот спортист во историјата. Откако го одгледав „The Last Dance“ бев инспириран и со тоа дознав како сето тоа тој го постигнал и пред се, кој е Мајкл Џордан. Многу луѓе мене ме прашуваат за да направат со мене селфи, еве јас би го прашал Џордан за селфи“ истакна Аргентинецот.