Мбапе одби да преговара со ПСЖ, нема да попушти за долгот!

120

Правната комисија на Француската професионална лига (ФПЛ) се состана поради финансиските несовпаѓања меѓу ПСЖ и Килијан Мбапе и препорача преговори меѓу двете страни. Капитенот на француската репрезентација бара од клубот 55 милиони евра неисплатени плати и бонуси, а адвокатите на двете страни одржале состанок. ФПЛ понуди да посредува меѓу двете страни.

Одговорот на претставниците на Мбапе беше дека нема да преговараат, бидејќи, според нив, нема што да се разјасни.

„Утрово беше споменато посредување. Оваа можност беше одбиена од претставниците на играчот. Посредувањето би било непотребно бидејќи неплаќањето може да се види од едноставна анализа на финансиите на играчот“, објавија луѓето на Килијан.

Претходно во текот на денот, ПСЖ излезе со став на оваа тема:

„Пари Сен Жермен е задоволен од сослушувањето на двете страни од Правната комисија, кое траеше два часа. Од клубот потсетуваат дека фудбалерот дал јасни обврски, кои ги повторил и во приватни разговори и во јавни изјави, во контекст на седум фантастични сезони во кои клубот направил невидени инвестиции. Според документите, комисијата препорачала преговори меѓу двете страни, кои ПСЖ ги бара веќе неколку месеци. Комитетот побара од играчот да се усогласи со процесот на преговори“.

ПретходноБарса и Алборг тргнаа моќно во ЛШ
СледноСаутгејт: Моето заминување ја врати надежта во Англија