Покетино е нов селектор на САД

76

Маурицио Пoкетино е именуван за нов селектор на репрезентацијата на САД.

Аргентинецот го наследува Грег Берхалтер, кој беше отпуштен летото откако не успеа да се ја мине групата на Копа Америка.

Покетино (52) на домашен терен ќе ја подготвува американската репрезентација за Светското првенство во 2026 година.

Минатата сезона тренерот работеше во Челзи, а веќе неколку месеци ја очекуваше разврската со селекторската позиција во САД.

ПретходноАко заврши ерата на Гвардиола, Сити има план од 350 милиони евра
СледноВо Холандија полицијата штрајкува, па се одложуваат фудбалски натпревари