Иако за обичниот тениски фан, посебно на Балканот, се знае кој е најдобриот тенисер во историјата, во дел од стручната јавност се води и натаму полемика. Дали е тоа Новак Ѓоковиќ, дали е Роџер Федерер или Рафаел Надал.
Објективно се знае кој е нај, нај и тоа според сите мерила и освоени трофеи, а посебно по златото на ЛОИ во Париз.
Тоа го признава и Тони Надал, чичкото на Рафа, инаку и негов тренер:
“Кој играше најубав и најдобар тенис? Федерер. Кој е најдобриот на сите времиња? Ѓоковиќ. Затоа што освои најмногу трофеи. Кој бил најдобар да не беа повредите? Секако, мојот внук Рафа. И затоа велам дека кога се ќе се собере Новак е најдобрио. Иако според мене најдобар тенис играше Роџер“ рече Тони Надал.