“Го имаме новиот Томас Милер, сакаме да остане во Баерн во наредните 20 години“!

342

По најавите дека Пеп Гвардиола спрема вистинско богатство како би го донел во Манчестер Сити, од Баерн Минхен велат дека тие сакаат Џамал Мусиала, еден од најдобрите германски фудбалери, да остане во редовите на “баварците“ во наредните две децении.

Иако има само 21 години, Мусиала блеска како во репрезентацијата на Германија така и во дресот на Баерн Минхен:

Ќе сториме се што е во наша можност да одговориме негативно на сите понуди до Мусиала. Според нас тој би требало да биде новиот Томас Милер, сакаме да остане во Баерн Минхен во наредните 20 години“ велат од Баерн за својот фудбалски бисер.

Инаку Мусиала е роден во Штутгарт од татко Нигериец и мајка Германка со полски корени. Како мал заминал во Англија во академијата на Челзи, има настапи за младите селекции на Англија, но потоа се враќа во својата земја и решава да игра за Германија.

ПретходноПелистер поразен, но не и посрамотен во Париз!
СледноИнтер и Милан ќе го реконструираат “Сан Сиро“, немаат пари за нов стадион!