Македонскиот репрезентативец, Илија Нестровоски го запиша својот прв погодок во дресот на Славен Белупо. Неговиот тим славеше со 1-0 во рамките на 1/16 финалето во Купот на Хрватска против Кустошија и тоа благодарение на нашиот фудбалер.
Несторовски кој беше стартер голот го постигна во 55-та минута.
Тој во редовите на хрватскиот тим дојде пред неполни две недела откако лани играше во Серија Б во дресот на Асколи. Нестор веќе има искуство во Хрватска, во периодот од 2013 до 2016 година играше за Интер Запрешич.