По 30 години, Репсол заврши со Хонда во Мото ГП

254

Едно од најуспешните и најпознатите партнерства во мотоспортот ќе заврши на крајот на 2024 година. Компанија Репсол која е главен спонзор на Хонда во Мото ГП веќе 30 години одлучи да го прекине партнерството на крајот од тековната сезона.

Шпанскиот нафтен гигант е спонзор на Хонда од 1995 година.

Репсол веќе ја намали поддршката за фабричкиот тим на Хонда оваа година, што го натера јапонскиот производител да ја отфрли целосно портокаловата шема на бои на своите мотори.

„Репсол одлучи да не го обнови актуелниот спонзорски договор со Хонда Рејсинг Корпорејшн (ХРЦ) во Светскиот шампионат во МотоГП, кој завршува на 31 декември оваа година“, се вели во изјавата на компанијата.

ПретходноФИФА потврди: Ова лето имаше рекорден број на трансфери – над 11.000!
СледноСега е дефинитивно: Македонија е во третиот шешир за ждрепката во квалификациите за СП 2026! (ФОТО)