Победа над Ерменија, а премија од 100.000 евра!

5128

ФФМ оди на широко и не штеди средства за награда на фудбалерите за нивниот прв успех во новото издание од Лигата на нации. Неколку минути по крајот на средбата претседателот на федерацијата Муамед Сејдини се симнал во соблекувалната и ги израдувал играчите и стручниот штаб со премија тешка 100.000 евра!

Тоа е висока сума за победа на домашен терен над селекција со послаб рејтинг од нас и во време во кое не се знае дали нашиот национален тим ќе успее во ноември да се радува на првото место во групата и плсман во плеј-офот од Зоната Ц од ова натпреварување.

За потсетување за ланското реми со Италија дома и победата на гости кај Малта фудбалерите беа наградени со иста сума – 100.000 евра!

Правилникот за наградување и премии е јасен, а тоа значи дека играчите ќе заработата 30% од наградата од УЕФА во случај на прво место во групата, а таа тежи 1.5 милиони евра.

Малку е чудно што вчера за време на еуфоријата и победата над просечната Ерменија се читале и пораки на подршка од осудени криминалци со забранет влез во земји од ЕУ. Многу несериозно и потценувачки, но и зачудувачки со оглед на тоа дека некои актуелни функционери не разбрале дека критиката треба да се сочека на нозе и дека ова е национален тим за кој навиваат сите. Можеби некои имаат и резервни репрезентации но раководтвото на ФФМ треба да сфати дека кога се сбори за Македонија тоа интересот на сите кои живеат во неа.

Без никакви скриени намери…

ПретходноБојан Миовски го потпиша најважниот „договор“ (ФОТО)
СледноСите сакаат во Реал: Сити ќе го прави најплатен фудбалер во Европа, ама тој знае каде ќе игра во блиска иднина!