Еден Азар исвиркан на хуманитарен меч

158

Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар се прости од фудбалот во 2023 година, а во средата повторно ги облече копачките за хуманитарен фудбалски меч во Ленс. А на овој стадион публиката не беше наклонета кон Белгиецот и го исвиркуваше при секој негов допир со топката.
Азар се врати на стадионот на Ленс, „Болар-Лелели“ по нешто повеќе од 12 години за хуманитарниот меч помеѓу Ленс и Тимот на Легенди, но навивачите целеа кон Азар.
Имено, Ленс и Лил се омразени ривали во Франција, а бидејќи Азар го носел дресот на Лил помеѓу 2007 и 2012 година, домашната публика протестираше при секој допир на играчот со топката.
Азар со Лил ја освои титулата во Франција и Купот на Франција во 2011 година, а потоа премина во Челзи каде што играше седум години. Потоа отиде во Реал каде што не се прослави, а поради честите повреди никако не можеше да ја поврати формата. Стави крај на кариерата во октомври 2023 година.
А на споменатиот хуманитарен меч Азар постигна гол и запиша асистенција.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ во Маџари, Грујоски ќе го суди дербито на Чаир
Следно„Театарска“ одлука на гостиварци: Натпреварот Гостивар – Вардар се игра без публика!