По две недели пауза поради репрезентативните настапи, во недела со мечевите од 5.коло продолжува првенството во нашата елитна фудбалска лига.
Познати се и судите кои ќе ја делат правдата на сите шест средби кои почнуваат во 15 часот.
Штипјанецот Димитар Пилешков ќе го суди мечот во Маџари меѓу Гостивар и Вардар, додека дербито на Чаир во кое се среќаваат Шкупи и Шкендија, ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.
Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите од сите натпревари во пва 5.коло.
СУДИИ ЗА 5.КОЛО – НЕДЕЛА (15 Ч)
Скопје: Работнички – Тиквеш (Фуркан Идризи – Тетово)
Струмица: Брера – Беса (Александар Василевски – Скопје)
Битола: Пелистер – Струга ТЛ (Александар Ставрев – Скопје)
Скопје: Шкупи – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)
Охрид: Воска – Силекс (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)
Скопје: Гостивар – Вардар (Димитар Пилешков – Штип)