Македонскиот ракометен првак Пелистер со пораз ги почна настапите во Лигата на шампионите, но тимот на Бранислав Ангеловски покажа голема борба и упорност, која на крајот од негатива од осум голови го донесе на само еден гол разлика на гостувањето кај францускиот шампион ПСЖ.
„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, изјави Ангеловски по мечот.
Во следното коло Пелистер ќе го одигра првиот домашен меч и тоа против германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.