Менаџерот на Арсенал, Микел Артета постигнал договор со раководството на тимот за продолжување на соработката, објави локалниот печат. Новиот договор на Шпанецот ќе биде на три години до летото 2027 година и со тоа става крај на неизвесноста околу неговиот актуелен договор кој ребаше да истече на крајот од тековната сезона.
Артета пристигна на „Емирати“ во 2019 година од Манчестер Сити, каде три години му беше помошник на Хосеп Гвардиола. Уште на крајот од првата сезона тој го освои ФА Купот, а во последните две сезони заврши на второто место во Премиер лигата.