УЕФА објави податок за европските тимови кои беа најгледани на своите домашни натпревари во текот на минатата сезона. Според податоците на крајот од сезоната 2023/24, Борусија (Д) повторно беше убедливо најгледаниот домашен тим на Стариот континент. Домашните натпревари на германскиот тим минатата сезона ги гледале вкупно 1.951.745 луѓе.
Второто место е за италијански Милан, чии натпревари на „Сан Сиро“ привлекоа вкупно 1.860.964 гледачи, додека Манчестер Јунајтед е трет со 1.834.291 гледачи на домашните натпревари на „Олд Трафорд“.
Вкупно, 16 клубови во Европа ја надминале границата од еден милион посетители на нивните домашни мечеви.
Највисока просечна посетеност на стадионите во првенството има и Борусија (81.305 гледачи), а најголема вкупна посетеност на првенствените натпревари има Манчестер Јунајтед (1.397.148).