Галатасарај тргна по Елмас, го бара на позајмица до крајот на сезоната

1450

Турските весници повикувајќи се на германски извори, тврдат дека Галатасарај се обидува да го врати нашиот репрезентативец Елиф Елмас во Турција. Елмас кој претходно го носеше дресот на Фенербахче веќе бил контактиран, а Галатасарај разговарал и со РБ Лајпциг околу можна позајмица на нашиот „дијамант“ во период од една година.

Останува нејасно каков е ставот на „биковите“, но со оглед на тоа што Елмас тешко успева да се избори за минутажа во составот на бундестимот, позајмица до крајот на сезоната во екипата на Галатасарај и не изгледа како невозможна опција. Сепак, треба да се почека на текот на разговорите меѓу сите страни.

ПретходноУкраинците му се нафрлија на селекторот, Шевченко застана во негова одбрана
СледноАртета и Арсенал си подале рака за новиот договор