Деко за Нико Вилијамс: Барселона има многу поважни приоритети од уште еден крилен играч

116

Спортскиот директор на Барселона, Деко во интервју за клупскиот интернер портал објасни зошто „каталонците“ не го купиле крилото на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс ова лето.
Во моментов ги имаме Рафиња, Феран Торес и Ансу Фати кој наскоро ќе се врати, потоа тука се Ламин Јамал како и Фермин и Олмо кои можат да играат како крила. Ако некој потпишеме тоа мора да биде фудбалер со многу висок профил. Не дека не комуницираме со фудбалерите. Но во моментов Барселона има други приоритети, многу поважни од потпис на уште еден крилен играч“, изјави Деко.

ПретходноТоти: Рома имаше хаотичен преоден рок, се плашам дека Де Роси ќе биде жртвено јагне како Мурињо
СледноДејан Ловрен премина во ПАОК