Дејан Ловрен премина во ПАОК

115
0

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен се најде на насловните страници на грчките медиуми откако во последен момент реализирал трансфер од Лион во ПАОК. Преодниот рок во Грција заврши во средата на полноќ, двата клуба го завршиле договорот пред тоа, па Ловрен треба да пристигне и да стави потпис.
Инаку Ловрен уште од зимоска е отпишан од Лион. Тој одамна е на заминување, а дури сега направи трансфер во ПАОК. Претходно Ловрен играше за Зенит, Ливерпул, Саутемптон, а во Хрватска за Динамо Загреб.

ПретходноДеко за Нико Вилијамс: Барселона има многу поважни приоритети од уште еден крилен играч
СледноСмолиќ и Јованоска со најдобар пласман на WTT Youth Star Contender во Скопје