Донесена е конечна одлука за случајот Мбапе и ПСЖ

145

Правната комисија на Француската фудбалска федерација донесе одлука во корист на Килијан Мбапе во спорот со неговиот поранешен клуб Пари Сен Жермен.

Врз основа на оваа одлука, која е конечна, парижаните ќе мора да му платат на играчот 55 милиони евра заостанати плати и бонуси кои ги бара напаѓачот на Реал Мадрид, пренесуваат француските медиуми.

Раководството на Пари Сен Жермен и претставниците на Мбапе се сретнаа еден ден пред претходно во Париз.

Мбапе летово како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, откако му истече договорот со парискиот клуб. Тој тврдеше дека Пари Сен Жермен му должи 55 милиони евра.

По вчерашниот состанок, клубот преку соопштение истакна дека е задоволен од двочасовното сослушување пред комисијата и потсети дека Мбапе претходно дал „јасни инструкции кои мора да се почитуваат, бидејќи клубот добил невидена корист во текот на неговите седум фантастични години во Париз“.

ПретходноИ Игор Митрески учесник на спектаклот во Москва! (ФОТО)
СледноЛа Лига со добри и лоши вести за Барселона