И Игор Митрески учесник на спектаклот во Москва! (ФОТО)

901

Деновиве се одржа вистински спектакл во Москва, во главниот град на Русија. Секако дека на него учесник беше и нашиот некогашен репрезентативец со 70 настапи за Македонија, Игор Митрески.

No description available.

Велиме секако, ако се знае дека некогашниот дефанзивец е поранешен член на Спартак Москва (2000-2005) и беше специјално поканет од неговиот некогашен клуб да биде дел од спектклот по повод 10 годишнината од изградбата на велелепната Арена “Спартак Лукоил“ во Москва.No description available.

По тој повод настапија Митрески и неговите соиграчи од пред две децении кога играа за овој руски гигант, против сегашниот тим на Спартак Москва предводен од Дејан Станковиќ. Резултатот на крајот и не е битен, иако беше 3:2.No description available.

Секако дека тука беше легендарниот стратег Олег Романцев, кој беше “виновникот“ за трансферот на Митрески од Силекс во Спартак Москва во таа 2000 година.

Ме израдува повикот и секако дека го прифатив. Бев во Москва, евоциравме спомени со моите некогашни соиграчи. Тоа беа убави времиња, тогаш игравме и во Лигата на Шампионите. Спартак Москва е гигант во фудбалска Русија и веројатно моите најдобри фудбалски денови ги минав таму. Што се однесува до самиот спектакл што да се каже. Организиран на највисоко можно ниво, се гледа големината на мојот Спартак Москва. Во секој случај нешто прекрасно и секако дека сум горд што сум бил играч на Спартак Москва. За самиот објект кој прослави десетгодишнина само убави зборови, современ спортски објект. Одигравме пред 35.000 гледачи со сегашниот состав на Спартак предводен од Станковиќ“ изјави за “СпортСпорт“ Игор Митрески.No description available.

Секоја чест за рускиот гигант кој не го заборави својот легендарен стопер, Македонецот Игор Митрески, кој цели пет години командуваше со одбраната на Спартак Москва пред повеќе од две децении.No description available.

ПретходноСмолиќ и Јованоска со најдобар пласман на WTT Youth Star Contender во Скопје
СледноДонесена е конечна одлука за случајот Мбапе и ПСЖ