Мбапе го расклатува столчето на Дешамп: го обвинил за слаба тактичка подготовка

236

Првата напаѓачка ѕвезда на Франција, Килијан Мбапе ја искритикувал работата на селекторот Дидие Дешамп и неговите помошници, пишува „Л’Екип“. Напаѓачот, кој е и капитен, им зборувал за ова на своите соиграчи од репрезентацијата помеѓу мечевите со Италија (пораз од 1:3) и Белгија (победа од 2:0) во Лигата на нациите.
Според него, недостатокот на тактички тренинзи е коренот за слабите настапи на националниот тим.
На двата меча Мбапе не се запиша во листата на стрелци. Според француските медиуми, тој на теренот изгледа како „мрзелив и незаинтересиран“. Да потсетиме, по поразот од Италија голманот Мајк Мањан ги искритикувал Мбапе и Гризман за нивните настапи за репрезентацијата.

ПретходноЛа Лига со добри и лоши вести за Барселона
СледноИтудис сака револуција во Евролигата