МЗТ Скопје А. против Пелистер на 28 септември во „Кале“ во битка за Суперкупот

106

По четвртти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.

На 28 септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.

Програмата ќе стартува од 17 часот со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Нешто подоцна, од 19.30 часот, исто така со директен пренос на МРТ, во битка за трофејот во ова натпреварување, ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона и битолски Пелистер, кој има две вицешампионски места до кои стигна во плеј-офот, односно финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.

ПретходноБаерн (М) нуди богатство само за да го задржи Мусиала
СледноСрбите преговараат со Раул Гонзалес за нов селектор на репрезентацијата