Миклер ја спушти ролетната, Пик Сегед го урна Магдебург

53
Фото: PICK Szeged Handball Team

И вториот ден од првото коло во Лигата на шампиони донесе интересен меч. Пик Сегед го доби дерби дуелот против Магдебург, на домашен тетрен славеше со 3129 (17-18).

Унгарскиот тим одигра добро второ полувреме во кое имаше позитива дури од седум гола (28-21). Пик Сегед губеше со 19-20, најде начин да го запре бундес-лигашот. Со серија од 7-0 дојде на плус шест (26-20) и до крај не дозволи пресврт.

Миклер беше главниот лидер на Пик Сегед, запиша 17 одбрани. Шоштариќ имаше шест гола, еден помалку запиша Фримел. На другата страна Магнусон запиша пет погодоци.

На втората средба, Динамо Букурешт без проблем славеше против Фредерициа, на домашен терен беше подобар со 37-28, на одморот романскиот тим водеше со 18-14.

ПретходноИтудис сака револуција во Евролигата
СледноТомовски и Постдам поразени од Парондо