Првото коло во Лигата на шампиони е комплетирано. ППД Загреб не успеа да дојде до изненадување против Кјелце на гостински терен иако одигра одличен натпревар, на крајот беше поразен со убедливи 30-23. Резултатот не ја дава вистинската слика од теренот, хрватскиот тим успеа на момент да го извади од ритам полскиот клуб.
Kарачиќ со пет гола беше најдобар кај Кјелце, Душебаев и Каралек имаа по четири гола. Кларица и Кос имаа по пет погодоци кај ППД Загреб.
Ова беше последен меч од првото коло во групата Б, каде победи запишаа Алборг, Батселона и Пик Сегед.
Во групата А, Фуксе Берлин следниот противник на Пелистер на домашен терен беше совладан од Веспрем со 31-32 во доста изедначен меч.
Се чинеше дека Бундес-лигашот ја има контролата на мечот со оглед на тоа дека во дел од првото полувреме водеше со пет гола разлика, но вака не размислуваше Веспрем. Кој ја превзема контролата на резултатот во второто полувреме, водеше со 18-22, а одржуваше позитива од два до три гола до пред самиот крај. При 28-32, Фујсе Берлин се разбуди, но не успеа да се избори за бод. Коралес го запре обидот на Андерсон. Шпанскиот голман со 17 одбрани.
Ремили постигна 11 гола за Веспрем, додека Фабрегас го заврши мечот со пет погодоци. Гидсел со десет гола беше најефикасен во таборот на Берлин, каде Милосављев имаше 17 интервенции.