ПСЖ ќе оди на суд, нема намера да го исплати Мбапе

86

Станува доста интересно кога станува збор за ПСЖ и Килијан Мбапе. Бајката која траеше со години меѓу двете страни стана „спауница“. Иако француската Лига денеска донесе одлука со која ПСЖ мора во следните осум дена да му ги исплати на Килијан Мбапе 55-те милиони евра што му ги должи од договорот за ланската сезоа, сепак тоа нема да се случи.

Францускиот првак вечерва објави дека нема намера да го исплати Мбапе, а за случајот ќе се жали пред релевантните судови во Франција.

„Јасно е дека комитетот на лигата имаше лимитирано гледиште на работите во овој случај. Затоа случајот ќе биде презентиран пред друга јурисдукција, каде како клуб ќе имаме право да ги претставиме нашите докази. Луѓето ќе ги дознаат фактите, во месеците и годините што следат“, се вели во соопштението на ПСЖ.

ПретходноРафаел Надал ги растажи фановите
СледноППД Загреб не успеа да приреди чудо, Фуксе Берлин поразен пред гостувањето кај Пелистер