Рафаел Надал ги растажи фановите

137

Љубителите на тенисот го очекуваа Рафаел Надал на Лејвер купот, но шпанскиот тенисер нема да игра таму.

Како што самиот најави, се откажа од конкуренцијата на егзибициониот Лејвер куп каде требаше да игра за европскиот тим.

„Многу сум разочаран што морам да споделам со вас дека нема да можам да се натпреварувам во Лејвер купот во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за ако навистина сакам да го поддржам тимот на Европа морам да го направам она што е најдобро за тимот. Има и други играчи кои можат да му помогнат на тимот за да победи“, вели Надал.

Надал на крајот се потсети на споменот и му посака среќа на европскиот тим:

„Имам многу одлични, емотивни спомени играјќи во Лејвер купот, бев многу среќен што ќе бидам дел од тимот каде Бјорн Борг за последен пат ќе биде капитен. На европскиот тим му посакувам многу среќа, ќе навивам за нив“, изјави Шпанецот.

ПретходноТомовски и Постдам поразени од Парондо
СледноПСЖ ќе оди на суд, нема намера да го исплати Мбапе