Ракометната федерација на Србија во мометов преговара со тројца врвни ракометни експерти за позицијата нов селектор на машката репрезентација.
Според пишувањата на „Спортски Журнал“, Момир Илиќ повеќе не единствениот кандидат за селектор на српската репрезентација, затоа што од тамошната федерација отвориле преговори со уште тројца странски стручњаци.
Еден од нив е и некогашниот предводник на Вардар и македонската репрезентација, Шпанецот Раул Гонзалес, а во игра се и Магнус Андерсон и Талант Дујшебајев.