Судии за ПМФЛ: Пилешков “главен“ во Маџари, Грујоски ќе го суди дербито на Чаир

1383

По две недели пауза поради репрезентативните настапи, во недела со мечевите од 5.коло продолжува првенството во нашата елитна фудбалска лига.

Познати се и судите кои ќе ја делат правдата на сите шест средби кои почнуваат во 15 часот.

Штипјанецот Димитар Пилешков ќе го суди мечот во Маџари меѓу Гостивар и Вардар, додека дербито на Чаир во кое се среќаваат Шкупи и Шкендија, ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите од сите натпревари во пва 5.коло.

СУДИИ ЗА 5.КОЛО – НЕДЕЛА (15 Ч)

Скопје: Работнички – Тиквеш (Фуркан Идризи – Тетово)

Струмица: Брера – Беса (Александар Василевски – Скопје)

Битола: Пелистер – Струга ТЛ (Александар Ставрев – Скопје)

Скопје: Шкупи – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)

Охрид: Воска – Силекс (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Скопје: Гостивар – Вардар (Димитар Пилешков – Штип)

ПретходноФоден се врати на тренинзи, в сабота ќе игра против Брентфорд
СледноЕден Азар исвиркан на хуманитарен меч