„Театарска“ одлука на гостиварци: Натпреварот Гостивар – Вардар се игра без публика!

2762

Само во Македонија! Само во Македонија се игра фудбал за сите, но не и за публиката, за вистинските љубители на фудбалот. И онака малиот број фанови што доаѓаат на нашите стадиони со такви срамни и “тетарски“ одлуки, ние ги бркаме и не им дозволуваме да гледаат прволигашки мечеви.

И наместо спектакл за наши услови во недела на “Борис Трајковски“ во Скопје и сите да уживаат во мечот меѓу Гостивар и Вардар, ќе се игра како во ТЕАТАР.

Имено ФК Гостивар донесе срамна одлука, а таа е дека овој меч се игра без присуство на публика. Со тоа како прво фановите на овој тим не можат да го бодрат составот на тренерот Муарем Муарем, со оваа одлука не можат да присуствуваат и фановите на Вардар, “Комитите“, ама и тие неутралните кои сакаат да гледаат добар македонски фудбал.

Па така овој меч повеќе ќе наликува на театарска претстава отколку на фудбалски натпревар.

За жал.
Сепак, тоа е тоа.

Кој ни е виновен што некои сакаат да играат без публика и не мислат за доброто на мак – фудбалот.

ПретходноЕден Азар исвиркан на хуманитарен меч
СледноОФИЦИЈАЛНО: Артета продолжи со Арсенал