Украинците му се нафрлија на селекторот, Шевченко застана во негова одбрана

136

Украинската федерација има доверба во селекторот Сергеј Ребров и покрај двата порази на Ункраинците во септемвриските дуели од Лигата на нации. Иако дел од медиумите побараа промена на селекторското место, Андриј Шевченко и неговите соработници ја потврдија довербата кон селекторот.

Легендата на украинскиот фудбал и претседател на Украинската фудбалска асоцијација излезе со изјава пред медиумите во која го потврди својот став.

„Целта што и ја поставивме на репрезентацијата е пласман на Светското првенство во 2026 година. Имаме целосна доверба во селекторот Ребров и неговиот тим. Ќе работиме да го оствариме овој сон“, изјавил Шева.

ПретходноСрбите преговараат со Раул Гонзалес за нов селектор на репрезентацијата
СледноГалатасарај тргна по Елмас, го бара на позајмица до крајот на сезоната