Според информациите кои доаѓаат од Италија, фудбалерот на Арсенал Жоргињо најверојатно заврши со репрезентацијата на Италија! Такво нешто може да се заклучи од одлуката на Лучијано Спалети да го стави на списокот од осум фудбалери од ЕП на кои не им испрати покана за настап на стартот на Лигата на нации на дуелите со Франција и Израел.
Спалети го промени системот на игра во селекцијата, а во оваа нова формација на местото на Жоргињо сега одлучно се вклопи Самуеле Ричи. Јавноста и критичарите ги пофалија игрите на плејмејкерот на Торино, па дури и поранешниот освојувач на Светското првенство во 1982 година, Марко Тардели, изјави дека Ричи најпозитивно го изненадил со неговиот карактер и квалитет.
Покрај Ричи, Спалети на местото на Жоргињо го има и Никола Фаџоли од Јувентус.