ОФИЦИЈАЛНО: Артета продолжи со Арсенал

140

Арсенал објави дека главниот тренер Микел Артета го продолжил договорот со клубот на уште две години. Претходниот договор на Шпанецот беше до јуни 2025 година, а сега тој е продолжен до јуни 2027 година, а Артета ќе биде еден од најплатените тренери во Европа.
Инаку Артета кој работи во Арсенал од 2019 година со „топчиите“ до сега има до 139 победи во 235 меча во сите натпреварувања. Им го донесе трофејот од ФА купот и два пати од Суперкупот на Англија.
Минатата сезона Арсенал под негово водство заврши на второто место, два бода зад шампионот Манчестер Сити.

Претходно„Театарска“ одлука на гостиварци: Натпреварот Гостивар – Вардар се игра без публика!
СледноБобан „распали“ по УЕФА: Мислат дека се над фудбалот