Реал мораше да го затвори стадионот поради лоша состојба на теренот

178

Европскиот шампион Реал (М), беше принудени да го затвори стадионот „Алфредо ди Стефано“ поради лошата состојба на теренот. Од клубот открија дека истата е предизвикана од габа која се појавила на тревата.

Така, привремено вториот тим на Реал Мадрид, кој го предводи Раул Гонзалес, ќе мора да игра на друг терен.

Третманот на тревата бара да истиот да не се користи одредено време. На овој начин и вториот тим, женскиот тим и тимот до 19 години ќе мора да играат на други објекти во следните неколку недели.

Претходно„Бомбата“ на Фитиљ за најавни шпици: Сите во Париз можеа да го слушнат голот на Кузмановски (ВИДЕО)
СледноБорусија (Д) е убедливо најгледаниот домашен тим во Европа, Милан е втор