Серхио Рамос се нуди на сите, но никој не го сака

446

Некогаш Серхио Рамос беше еден од најдобрите стопери во светот и ретко кој можеше да сонува дека во еден момент од кариерата ќе се најде во ваква ситуација.

Рамос има 38 години и се уште не сака да се збогува со својата играчка кариера, но како што стојат работите би можел да биде принуден на тоа во наредниот период. Тој не може да најде клуб каде би ја продолжил фудбалската кариера и покрај тоа што е слободен играч.

Неговиот договор со Севиља истече летово и оттогаш е во потрага по нов клуб, но до ден денес не најде и прашање е дали ќе го најде.

Секако дека Рамос може да потпише за секој клуб бидејќи е слободен играч и нема договор со ниту еден клуб, но едноставно се уште нема понуда која би го задоволила и него и клуб кој би го видел во своите редови.

Малкумина очекуваа дека таков фудбалер како Рамос може да има вакви проблеми, па дури и да мора да потпише за клуб од Саудиска Арабија.

Во претходниот период во Саудиска Арабија заминаа голем број фудбалери од Европа, но очигледно Рамос во кариерата нема да биде еден од оние кои настапувале во оваа земја.

Денеска пропадна договорот на Рамос со бразилскиот Ботафого, а Рамос наводно се понудил на голем број клубови од Бразил и сите решиле да го одбијат.

Дополнително, менаџерите наводно го понудиле и на клубови од Катар, Саудиска Арабија и американската МЛС, но не е постигнат договор со ниту еден клуб.

Покрај Ботафого, Рамос беше понуден и на Коринтијанс, Фламенго и Васо де Гама, но никој од нив не сакаше да го доведе Рамос, а причината има само една: финансиските барања се огромни, па клубовите веднаш ја отфрлија можноста и можноста да го ангажираат Шпанецот.

Како што стојат работите, Рамос во наредниот период ќе мора да го намали апетитот за да може да потпише за некого и да игра уште некое време пред да ја заврши кариерата.

ПретходноППД Загреб не успеа да приреди чудо, Фуксе Берлин поразен пред гостувањето кај Пелистер
СледноРеал има објаснување за лошата форма на Винисиус