Смолиќ и Јованоска со најдобар пласман на WTT Youth Star Contender во Скопје

65

Во периодот од 4ти до 8ми септември во сала Јане Сандански во Скопје се одржа третиот по ред светски младински турнир наречен WTT Youth Star Contender Skopje 2024. На турнирот земаа учество колу 120 натпреварувачи од земји од цел свет кои се натпреваруваа во следните категории: машки поединечно. женски поединечно, машки двојки, женски двојки и мешани двојки со ограничување на години, помали од 15 и помали од 19 години. Турнирот беше посебно јак, како последен на кој играчите можат да соберираат поени за квалификација на светското младинско првенство што ќе се одржи во ноември во Шведска.

Македонија ја претставија 5 пингпонгари:
1. Матеја Смолиќ – ППК Рисови
2. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
3. Фани Јованоска – ППК Зегин Берово
4. Лука Стојчев – ППК Младост
5. Кристијан Каламадевски – ППК Зегин Берово.
Најдобар успех остваривме во категорија мешани двојки до 15 години каде што Матеја и Фани со своите партнери се пласираа во топ 16.
ПретходноДејан Ловрен премина во ПАОК
СледноИ Игор Митрески учесник на спектаклот во Москва! (ФОТО)