Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски ги постигна двата гола во победата на Спартак Суботица против ИМТ со 2:0 во 8 коло на Суперлигата на Србија. Крилниот офанзивец стрелаше во 15-тата и во 57. минута од натпреварот и во досегашниот дел од шампионатот има четири гола.
Тој е поранешен македонски младински репрезентативец.