Не е тајна дека Рафаел Надал, секако дека од најдобрите тенисери во последно време и тоа како не му оди. Постојано има проблем со повредите, резултати ни од далеку не се како што беа.
Шпанецот во неколку наврати најавуваше дека се пензионира, но сепак тоа не е официјалализирано.
Во меѓубреме Гарбиње Мунгуруса, некогаш една од најдобрите тенисерки, освојувачка на два грен-слема, има свој коментар:
„Неговото тело, неговиот ум покажуваат дека му е време за пензија. Време е да ужива со своето дете. Во неколку наврати видов колку е среќен кога е во друштво со својот син. Зошто уште е на терен? Нека оди дома на Мајорка, мислам дека на тенисот му даде се што можеше“.
Инаку и самата шпанска тенисерка се повлече оваа година.