Кендрик Перкинс, некогашниот центар на Бостон Селтикс, а сега стручен коментатор, позната “фаца“ во НБА, направи своја листа на играчи кои играле во најсилната лига во светот а да не се Американци.
Иако често знаел да го критикува Никола Јокиќ, сепак според Перкинс центарот на Денвер Нагетс е најдоброт странец во историјата на НБА.
„Србинот Никола Јокиќ е најдобриот странски кошаркар во историјата на НБА“ вели Перкинс.
Според него по Јокиќ тука се Хаким Олајџувон (Нигерија), Јанис Адетикунбо (Грција), Дирк Новицки (Германија) и Ману Џинобили (Аргентина).
Секако убав комплимент за Јокиќ, кој според сите мерила во моментов е најдобриот кошаркар во светот.