Џуд се присети на зборовите на Анчелоти: Потпишавме погрешен Белингам!

1267

Џуд Белингам на својот канал на Јутјуб ја објави првата епизода од серијата „Out of the Floodlights“, во која го открива исполнувањето на неговиот сон да потпише за Реал Мадрид и што се случило во неговата прва сезона таму. Воедно откри и една смешна анегдота поврзана со тренерот на тимот Карло Анчелоти.

Да потсетиме, англискиот репрезентативец во јуни минатата година, две недели пред својот 20-ти роденден, беше на лекарски преглед во Мадрид и потпиша договор со Реал до 2029 година. Младиот играч за врска со тоа стана најскапиот играч во историјата на Реал. Фиксното обештетување на Борусија Дортмунд е 103 милиони евра, а со бонуси се искачува на 133,9 милиони евра.

Веднаш блесна со 23 гола и 13 асистенции на 42 одиграни натпревари во сезоната на клупскиот шампионат. Реал во 2023/24 година беше победник на Лигата на шампионите, шпанското првенство, шпанскиот Суперкуп и победник на Суперкупот на УЕФА.

Во исто време вниманието со настапите во Сандерленд го привлекува неговиот брат Џоб, кој е три години помлад. Оттука и хумористичната анегдота од првата емисија на YouTube каналот.

„Се сеќавам кога Џоб постигна два гола. Анчелоти рече: Е**те, потпишавме погрешен Белингам. Ќе го донесам овој во клубот.“ Го прашав на која позиција ќе игра. Тој рече: „На твоја и почна да се смее“, откри Белингам, единствениот англиски играч во тимот на Реал.

ПретходноЕден Азар доби свирежи на хуманитарен натпревар (ВИДЕО)
СледноСензационален трансфер: Марјановиќ се враќа во Европа!