Бенфика е рекордер, а Динамо од продажба на играчи за една деценија заработил 255 милиони евра!

285

Така се работи во фудбалот. Така се работи во Европа. Имено според ЦИЕС (Меѓународен центар за спортски истражувања), во периодот од 2015 до сега, Бенфика може да се пофали дека е рекордер во светски рамки по заработка од продажба на свои играчи или од излезни трансфери.

Португалскиот гигант во овој период заработил неверојатни 816 милиони евра, следуваат Ајакс со 473 милиони и Салцбург со 401 милиони евра.

Интересно, Динамо Загреб се наоѓа на 9.место со заработка од неверојатни 255 милиони евра.

Значи во касата влегле 255 милиони евра само од продажба на играчи или во просек по 25 милиони евра секоја година.

Фасцинантни бројки за наши услови.

Инаку ова се клубовите од ТОП 10 кои заработиле најмногу од 2015 до сега од продажба на играчи:Image

ПретходноОфицијално: Лунин во Реал Мадрид до 2030!
Следно“На Рафа време му е да оди во пензија!“