Ракометарите на Вардар 1961 во второто коло ја запишаа првата победа во Суперлигата, а на домашен паркет го победија новакот во Суперлигата Бисинов од Велес со 31-24. Средбата се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, а гостите од Велес дадоа добар отпор на фаворитот во првото полувреме, а потоа поктклекнаа.
Бисинов поведе со 0-2, но вардарци го вратија водството, па во еден момент имаа и +6 (12-6), за во финишот на првото полувреме гостите да намалат на 16-14. Во вториот дел исплива квалитетот на вардарци кои лесно го „поплочија“ патот до триумфот.
Стефан Петриќ од Вардар со седум гола беше најефикасен на мечот, додека Тоше Ончев од Бисинов постигна шест гола.