Вардар против Бисинов за прва победа во Супер-лигата

126

Денеска и официјално стартува второто коло во Супер-лигата. Првиот меч ќе се игра во Скопје, Вардар е домаќин на Бисинов. По поразот од Алкалоид на стартот, избраниците на Владо Недановски ќе имаат шанса да дојдат до првата победа во нозата сезона. На другата страна новајлијата во ова друштво на првиот меч дојде до победа против Струга и сигурно ќе биде максимално мотивиран и против фаворитот.

Колото ќе биде комплетирано во среда со мечот меѓу Пролет и Тиквеш, кавадарчани викендов имаат европски обврски.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 2
13.09.2024 – ПЕТОК
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД
14.09.2024 – САБОТА
12:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК РАДОВИШ
17:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ПРИЛЕП
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК СТРУГА
20:00 часот ГРК ОХРИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.09.2024 – СРЕДА
19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – ГРК ТИКВЕШ 2014
ПретходноГвардиола призна дека нема Твитер, Инстаграм…Но, има начин како да ѕирка на социјалните мрежи!
СледноВечерва се игра дербито Динамо – Хајдук: Ристовски и Адеми се најавуваат како стартери кај “модрите“!